Првите 24 станови во Велес што ги градеше американската невладина организација "Хабитат", можат да ги примат станарите. Со приклучувањето на струјата, 24 семејства со ниски примања можат да се вселат во нивните нови домови. На десет илјади квадратни метри во населбата Тунел 2 се изградени четири згради, а становите се со површина од 50 до 75 квадрати. На конкурсот што го распиша "Хабитат", се јавија 126 велешки семејства со ниски примања. Во првата фаза условот го исполнија 24-те семејства кои, покрај волонтерите, и самите учествуваа во изградбата на становите. Според условите на "Хабитат", сопствениците 10% од средствата ќе ги платат при нивното вселување, а остатокот на 20-годишна отплата, без камата. Месечната рата изнесува 120 евра, а цената на станбениот квадрат е 471 евро, заедно со ДДВ. Вкупната инвестиција за овие станови, што ги вложи американската организација, изнесува 2,7 милиони евра.
Првите 24 станови во Велес што ги градеше американската невладина организација "Хабитат", можат да ги примат станарите.
Со приклучувањето на струјата, 24 семејства со ниски примања можат да се вселат во нивните нови домови.
На десет илјади квадратни метри во населбата Тунел 2 се изградени четири згради, а становите се со површина од 50 до 75 квадрати. На конкурсот што го распиша "Хабитат", се јавија 126 велешки семејства со ниски примања. Во првата фаза условот го исполнија 24-те семејства кои, покрај волонтерите, и самите учествуваа во изградбата на становите.
Според условите на "Хабитат", сопствениците 10% од средствата ќе ги платат при нивното вселување, а остатокот на 20-годишна отплата, без камата. Месечната рата изнесува 120 евра, а цената на станбениот квадрат е 471 евро, заедно со ДДВ. Вкупната инвестиција за овие станови, што ги вложи американската организација, изнесува 2,7 милиони евра.
Во изградбата на становите, која започна на 22 октомври 2008 година, покрај сопствениците помогнаа и партнер-семејствата на "Хабитат Македонија", како и над 500 волонтери од САД, Канада и од други европски држави. Во решавањето на станбеното прашање на велешките семејства со ниски лични примања, во работата учествуваа и претседателот на Република Македонија, Горѓе Иванов, поранешниот американскиот амбасадор Филип Рикер и други еминентни личности од Македонија и светот.
При неодамнешната посета на населбата на "Хабитат" во Велес, американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс нагласи дека желбата да се направи пристојно и достоинствено место за домување е од огромно значење.
-Благородна работа е што во нивната изградба учествуваа волонтери од целиот свет - рече амбасадорот Волерс.
Според проектот на "Хабитат", во втората и третата фаза во населбата Тунел 2 во Велес, требаше да се изградат уште седум згради со 54 станови. Меѓутоа, Управниот одбор на "Хабитат Македонија" го преразгледува проектот. Велат дека треба да се види дали ќе има интерес за ваква инвестиција кај жителите од Велес со ниски примања, бидејќи во меѓувреме во тек се проектите на Владата "Купи куќа, купи стан" и изградба на воени станови. Преку нив условите се подобри и тие полесно ќе можат да го решат станбеното прашање. Сепак, од "Хабитат" истакнуваат дека доколку граѓаните на Велес покажат интерес, тие се подготвени да ја продолжат изградбата на становите.